Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Двајца загинати, 11 повредени во напад врз турски брод во Црното Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library067df65ukbjb4AVFG31
Илустрација

Двајца членови на екипажот загинале, а 11 се повредени откако турскиот брод „Royad Mammadov“ бил погоден од дрон во Црното Море, соопшти романското Министерство за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во романската ексклузивна економска зона, во подрачје југоисточно од платформата Пешкаруш. По ударот избил пожар, а бродот потонал.

— реклама —

Романските служби веднаш започнале спасувачка операција. Спасени се 11 членови на екипажот, додека биле идентификувани и две загинати лица.

— реклама —

Повредените биле евакуирани со хеликоптер на Генералниот инспекторат за воздухопловство, кој со помош на витло ги извлекол од бродот, за да им биде укажана итна медицинска помош.

Околу 11 часот, припадниците на граничната полиција од составот на крајбрежната стража добиле известување од Центарот за координација на поморско трагање и спасување во Констанца дека избил пожар на трговски брод во романската ексклузивна економска зона, на околу 30 наутички милји јужно од Свети Ѓорѓи.

— реклама —

Центарот во Констанца ја активирал операцијата за трагање и спасување на лицата загрозени на море, при што брод на крајбрежната стража бил одреден за координатор на спасувачките активности на местото на инцидентот.

— реклама —

Во акцијата учествувале припадници на граничната полиција и Генералниот инспекторат за воздухопловство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library067df65ukbjb4AVFG31

Танкер потона во Црното Море, во тек е потрага по 19 членови на екипажот

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvvbneafof87j95yvMK2

(Видео) Драма кај Бугарија: Три поморски дрона погодија товарен брод во Црното Море

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiutfmkshjo36begtcdI

Три поморски дрона погодиле контејнерски брод во Црното Море, екипажот се евакуирал

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn1rc5gqm77coaNWi8g1

Напад со дронови врз танкер во Црното Море: Седум морнари исчезнати

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања