Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Две лица се повредени откако автомобил влета во колона демонстранти во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-library6bpliqmmo6mnbhlIhIp
инстаграм / backa.palanka.uz.studente

Две лица се полесно повредени откако автомобил вчера влетал во колона граѓани за време на мирен протест за поддршка на студентите во српскиот град Бачка Паланка, објави телевизијата „Н1“.

Според очевидци, возачот на автомобил „Хјундаи“ не застанал и со возилото се упатил кон учесниците на протестот. На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, а повредените добиле лекарска помош.

— реклама —

По инцидентот, демонстрантите го опколиле автомобилот, по што интервенирала сообраќајната полиција и го отстранила возачот од местото на настанот.

— реклама —

Драган Прпа, член на Собирот на граѓани на Бачка Паланка, за „Н1“ изјавил дека редарите се обиделе да го сопрат возачот, но тој продолжил да се движи кон толпата, поради што луѓето морале да се фрлат на земја за да избегнат удар.

Тој тврди дека, откако влетал меѓу демонстрантите, возачот се движел наназад и удрил во неколку учесници на протестот.

— реклама —

Полицијата извршила увид на местото и земала изјави од сведоците и од повредените, а околностите под кои се случил инцидентот се утврдуваат.

— реклама —

Собирот на граѓани на Бачка Паланка редовно организира мирни прошетки како поддршка на студентските протести во Србија, кои започнаа по трагедијата со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 2 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 2 дена

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања