Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Експлозии во Багдад, се огласиле сирени кај комплексот на американската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryp01ir032hp815kmqANU

Експлозии вечерва се слушнале во ирачката престолнина Багдад во услови на ескалација на регионалните тензии.

— реклама —

Локалните медиуми јавија дека се огласиле сирени во комплексот каде што се наоѓа американската амбасада во Багдад, а наводно биле активирани и системите за противвоздушна одбрана. Засега не може со сигурност да се потврди дали е погодена зградата на амбасадата.

— реклама —

До овој настан доаѓа и покрај тоа што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран ќе се воздржи од напади врз соседните земји, освен доколку нападите врз Иран бидат започнати од нивна територија.

— реклама —

Иран од 28 февруари започна да лансира ракети и беспилотни летала кон Израел и кон земјите од Персискиот Залив во кои се распоредени американски воени единици. Дел од нападите предизвикаа жртви и материјална штета на цивилни локации, вклучително и во пристаништа и станбени згради.

Техеран тврди дека нападите се одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, во која, според иранските власти, загинале стотици луѓе, меѓу кои и врховниот верски лидер Али Хамнеи и високи воени функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања