Промени тема
Контакт

(Видео) Експлозија го потресе Монако: Повреден украински олигарх, напаѓачот е во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryt3glv8ghh8f0brqfRy2
screenshot X

Украинскиот олигарх Вадим Ермолаев е меѓу трите лица повредени во експлозијата што во понеделникот вечерта одекна во станбена зграда во Монако, додека осомничениот за нападот сè уште е во бегство.

Според извори блиски до истрагата, две лица се здобиле со тешки повреди, додека 13-годишно момче поминало со полесни повреди, пренесува „Франс 24“.

Според информациите на обвинителството во Монако, осомничениот оставил торба или пакет во влезниот дел на станбената зграда, по што ја активирал експлозивната направа и избегал од местото на настанот.

— реклама —

Кнезот Алберт Втори остро го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморно злосторство“, и порача дека безбедноста во кнежевството останува врвен приоритет.

Властите соопштија дека станува збор за прв ваков инцидент во историјата на Монако и дека се спроведува интензивна истрага во координација со француските безбедносни служби.

— реклама —

Осомничениот бил идентификуван преку снимките од безбедносните камери и бил забележан како го напушта местото на настанот и се упатува кон соседниот француски град Босолеј.

— реклама —

Повредените лица се пренесени на лекување во болници во Ница, а мотивите за нападот засега не се познати. Во меѓувреме, безбедносните мерки во Монако се дополнително засилени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylf4cil2ig0d6ax5FXYB

Украинка осомничена за бомбашкиот напад во Монако, Интерпол распиша црвена потерница

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-library82h601hgu2ad86rgM5o

Жена маскирана како маж ја поставила бомбата во Монако, распишана меѓународна потерница

Свет | пред 2 месеци

media-librarylf4cil2ig0d6ax5FXYB

(Видео) Три лица повредени во експлозија во Монако, меѓу нив и украински милијардер

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања