Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) „Еве ја вистината, Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров, потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
2-2

„Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици. Ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат. Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода“, вели Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

Таа додава:

Имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

— реклама —

Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и почитуван од Унијата.

Оттука е нервозата на овие лажни ликови кои свесно ги лажат граѓаните, манипулираат, со единствена цел, да и наштетат на државата, да не продолжи европскиот пат.

— реклама —

Погледнете и слушнете го ова видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња.

Видео:

— реклама —

Дури повикува и на заедничко чествување, за заедничка историја, слушнавте.

Епа тоа е вистината почитувани граѓани за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација.

Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“.

Нема да бараме Милошоски да им се извини на граѓаните, затоа што тој нема никаква доблест, нема образ, нема буквално ништо.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, Милошоски, Николовски, тоа се едни големи лажговци, ништо повеќе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 минути

— реклама —
media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Македонија | пред 53 минути

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

СДСМ: Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден - на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Македонија | пред 18 часа

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања