Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ги бранел пред граѓаните, сега ги нарекува неодбранливи: Петров за политиките на власта на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

Андреј Петров призна дека настапувал во медиумите за да ги брани политиките на СДСМ додека траел падот од власт, но во „Претрес со Ландов“ се согласи дека генерално станувало збор за неодбранлива состојба.

Петров, поранешен градоначалник на Карпош од СДСМ, кој важи за близок до Бранко Црвенковски и е дел од платформата „12:05“ за смена на Венко Филипче и на раководството, беше соочен со прашањето зошто јавно бранел власт чии политики сега ги оценува како погрешни.

— реклама —

„Генерално тоа беше неодбранливо, тука се сложувам“, рече Петров.

На забелешката од водителот дека со таквите настапи ги доведувал граѓаните во заблуда, тој го отфрли тврдењето дека сакал да ги лаже. Објасни дека се обидувал да ги истакне позитивните решенија покрај многуте негативни работи.

— реклама —

Како примери ги посочи студентскиот оброк и враќањето дел од ДДВ кај граѓаните, нагласувајќи дека не било сè лошо во работењето на СДСМ.

— реклама —

Своето учество во партиското раководство го објасни и со повикот од Димитар Ковачевски да помогне во тешка состојба за партијата. Призна дека рејтингот не бил подобрен, но одговорноста за него првенствено ја поврза со работењето на Владата.

Петров тврди дека се трудел да помогне и дека не придонел за лошиот изборен резултат.

— реклама —

Повеќе погледнете тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Ќе се извини ли за „Северна“? Андреј Петров: Не

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања