Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Малку му се потплашува“: Петров за односот на Филипче кон Бранко Црвенковски, а откри и дали „папата“ се враќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryn3gnok0kj9d0cVsfXH1

Венко Филипче е повнимателен кога зборува за Бранко Црвенковски отколку кога ги напаѓа другите сопартијци што го критикуваат, оцени Андреј Петров во „Претрес со Ландов“.

Петров е поранешен градоначалник на Карпош од СДСМ, важи за близок до Црвенковски и е дел од платформата „12:05“, која бара смена на Филипче и на партиското раководство.

— реклама —

На прашањето дали и Црвенковски би бил означен како платен и купен доколку јавно настапи со критика, Петров одговори дека, според неговиот впечаток, Филипче има поинаков однос кон поранешниот лидер.

„Малку му се потплашува“, рече тој.

— реклама —

Оценката ја образложи со тоа што, според него, Филипче го споменувал Црвенковски индиректно, додека кон Петре Шилегов, Јово Деспотовски и други критичари бил подиректен.

Петров го обвини актуелното раководство дека се расправа со луѓето со кои треба да гради мостови. Според него, партијата не може да се обнови ако секоја внатрешна критика се пречекува со дисквалификации.

— реклама —

Запрашан зошто не го повикаат Црвенковски повторно да ја води СДСМ, рече дека времето мора да оди напред. Посочи дека верува оти поранешниот лидер нема таква амбиција, но нагласи дека за неа треба самиот да одговори.

Сепак, смета дека советите од Црвенковски и од други поранешни партиски функционери би биле потребни за обновата на СДСМ.

— реклама —

За Црвенковски, односнот и случувањата повеќе гледајте во Претрес:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Ги бранел пред граѓаните, сега ги нарекува неодбранливи: Петров за политиките на власта на СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Ќе се извини ли за „Северна“? Андреј Петров: Не

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања