Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ќе се извини ли за „Северна“? Андреј Петров: Не

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

Андреј Петров не смета дека треба да се извини за промената на името на државата. Поранешниот градоначалник на Карпош од СДСМ, кој важи за близок до Бранко Црвенковски и е дел од платформата „12:05“, која бара смена на Венко Филипче и на партиското раководство, во „Претрес со Ландов“ одговори негативно на директното прашање дали некогаш јавно ќе се извини за „Северна Македонија“.

Сепак, призна дека прашањето за него е болно. Промената ја опиша како „тешка кнедла“ што државата ја проголтала за да стане членка на НАТО и да ја зацврсти својата територијална безбедност.

— реклама —

Според Петров, за мала и сиромашна држава членството во Алијансата има значење што не може да се занемари при оценувањето на Преспанскиот договор.

Истовремено, смета дека во минатото биле испуштени можности спорот да се реши со име само за меѓународна употреба. Во тој контекст ги спомена и последиците за граѓаните, меѓу кои промената на личните документи.

— реклама —

„Јас цело време сум викал Македонија“, рече Петров, посочувајќи дека не е државен функционер.

— реклама —

За очекувањата дека промената на името брзо ќе го отвори и патот кон Европската Унија, неговата оценка беше покритична. Смета дека верувањето во брз европски напредок било наивно и дека недостигале гаранции.

Петров оцени дека промената на името сега е свршен чин, посочувајќи дека ниту актуелната власт не ја променила. Според него, тоа покажува дека и таа ја зема предвид стабилноста на државата при односот кон договорот.

— реклама —

Гледајте го поткастот каде има и други брутални прашања и одговори:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Ги бранел пред граѓаните, сега ги нарекува неодбранливи: Петров за политиките на власта на СДСМ

Македонија | пред 19 минути

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања