Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Видео) Ѓорѓиевски: Со работа создаваме дела, најдоброто допрва доаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-gh3

„Со голема чест и чувство на одговорност ви се обраќам на крајот од уште една година исполнета со посветена работа и бројни реализирани проекти во мојата општина Кисела Вода. Резултатите кои ви ги презентираме после три години се сериозно значајни. Тие говорат за реализација на 95% од програмата која ја ветивме, и тоа во услови кога општината беше наследена со долг од над 3 милиони евра. Со правилно менаџирање на ресурсите и приоритетите, со работа што создава дела, не само што ги реализиравме планираните проекти, туку и одговоривме на нови предизвици кои ги препознавме како приоритетни за вас, за нашите жители. Секој проект, секоја донесена одлука, беше насочена кон подобрување на вашиот секојдневен живот, со фокус кон создавање модерна, функционална и развиена заедница. Кон она што допрва доаѓа“, кажа градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

— реклама —

-Кога ја презедов функцијата, еден од најголемите предизвици со кои се соочив беше значителниот број на деца на чекање за упис во градинките, којшто надминуваше реално над 450. По сите поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети во 9 објекти вкупно, сега, за упис чекаат околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, и со третатанова во Расадник, чиј камен темелник го поставивме пред неколку дена, листата на чекање за деца во градинките конечно ќе ја затвориме во нашата општна, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

„Три години по ред, во континуитет обезбедуваме субвенции за сите наши жители кои имаат потреба од финансиска помош. Даваме субвенциии за печки за пелети, материјали за реконструкција на фасади на станбени згради поправка на лифтови, за огревно дрво за домаќинствата, низа финансиски олеснувања за учениците и децата од градинките коишто потекнуваат практично од социјално загрозени семејства.

И почитувани ова се само еден дел од работите коишто ги спроведовме изминативе три години, навистина долг е списокот и листата на проекти коишто заедно со поддршка на целиот мој тим заедно со поддршка на граѓаните ги реалзиравме. Продолжуваме и понатаму со уште позасилено темпо имаме уште една година до крајот на мојот мандат и она што практично го најавив изминатиов период сакам и денес да го повторам а тоа е дека најдоброто за нашите граѓани допрва доаѓа во нашата општина“, додаде градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

Скопје | пред 1 месец

media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје | пред 1 месец

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања