Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Година на пресврт беше 2025“: Путин вели дека напад на Русија врз Европа е голема лага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryoq0alsf2u41c0e9umGL
Х

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските сили ја презеле стратешката иницијатива по целата линија на фронтот во Украина и најави проширување на таканаречената тампон-зона. Тој тврди дека руската армија има иницијатива, дека во текот на 2025 година зазела повеќе од 300 населени места и дека е подготвена да ја забрза офанзивата, пишува „Кијив пост“.

Говорејќи на седница на колегиумот на руското Министерство за одбрана, Путин оцени дека 2025 година претставува „значајна пресвртница“ во воената кампања. Според него, руските сили се способни да ги интензивираат офанзивните операции на „стратешки важни подрачја“ од фронтот.

— реклама —

„Руските вооружени сили го кршат отпорот на непријателот, вклучително и нивните елитни единици обучени во западни воени центри“, изјави Путин.

— реклама —

Тој се пофали и со модернизацијата на морнарицата, наведувајќи дека руската воена морнарица во 2025 година добила нови подморници, како и 19 површински бродови и помошни пловила.

— реклама —

Путин изјави дека Русија успешно ги тестирала крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“ и подводниот дрон на нуклеарен погон „Посејдон“, нагласувајќи дека тие системи „веќе постојат“ и дека ќе продолжат да се унапредуваат. Додаде дека друг систем, ракетата „Орешник“, ќе биде „ставена во борбена готовност до крајот на годината“.

— реклама —

Истовремено, Путин ги отфрли предупредувањата за можен руски напад врз Европа како „лаги и бесмислици“. Тој ги обвини европските политичари дека поттикнуваат хистерија и „внесуваат страв кај луѓето“ за наводно неизбежна конфронтација со Русија.

И покрај тоа, Путин повтори дека Москва има намера да ја прошири безбедносната тампон-зона на територија на Украина и инсистираше дека „целите на СВО ќе бидат постигнати“, користејќи го кремљовскиот термин за војната против Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна: „Тоа е вистинската страна на историјата“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryd9cg7rffn4g9dJVDmE6

Путин: Не сме против учеството на Европа во преговорите за Украина

Свет | пред 3 дена

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин добива дипломатска победа уште пред почетокот на средбата со Трамп и Си

Свет | пред 4 дена

media-librarys53mtao81ol89eofQSB

(Видео) Путин пристигна во Кина и се сретна со Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања