Познатата шведска активистка за спас на животната средина и климатски промени, Грета Тунберг е во Македонија.
Вчера го посети Општествено-културниот центар во Тетово, кој е инклузивен простор за младински иницијативи.
Во своето обраќање на Инстаграм, таа кажа дека денеска е во посета на Скопје, но наглади дека вчера македонскиот парламент гласал против можноста за испраќање хуманитарна помош во Газа.
Таа ќе учествува на дебара во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, со наслов „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.
Утре ќе биде дел од протестна блокада за спас на реката Дошница на Кожуф.