Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Моментот кога експлодира бродот на Грета Тунберг во Тунис – дали е напад со дрон?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-09-09-114425

Бродот „Фемили“, со кој шведската активистка Грета Тунберг требаше да отплови кон Газа како дел од иницијативата „Глобална флота за Сумуд“, бил погоден од мистериозна експлозија во пристаништето Сиди Бу Саид во Тунис.

Организаторите на флотилата тврдат дека станува збор за напад со дрон и посочуваат дека на бродот во моментот се наоѓале членови на управниот одбор, но за среќа никој не бил повреден. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од оштетениот брод, што предизвикаа лавина реакции и обвинувања за израелска одговорност, придружени со ознаки како #FreePalestine и #GazaFlotilla.

— реклама —

— реклама —

BREAKING:

pic.twitter.com/2vEFaWtGLa— Megatron (@Megatron_ron) September 9, 2025
— реклама —

Властите во Тунис, меѓутоа, ја отфрлаат таа верзија. Националната гарда соопшти дека во областа не е регистрирано присуство на дронови и дека првичните наоди укажуваат на пожар во складиштето со спасувачки елеци – веројатно поради човечка грешка или несреќен случај. Некои неофицијални објави дури тврдат дека член на екипажот запалил пиротехника, што предизвикало пожар, а подоцна било претставено како напад.

На местото на инцидентот присуствува и специјалната известувачка на Обединетите нации за човекови права во палестинските територии, Франческа Албанезе, која заедно со организаторите и локалните власти се обидува да ги утврди точните околности.

Испловувањето на „Магреб сумуд флотилата“ од Тунис досега неколку пати било одложувано – најпрвин поради временски неприлики, а потоа поради технички и логистички проблеми. Новиот датум за тргнување е закажан за 10 септември, кога таа треба да се приклучи на бродовите што тргнуваат од Шпанија и Италија, во рамките на пошироката меѓународна иницијатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytnerrd2v2s0l0PvcM24

(Видео) Експлозија во Ријад, евакуиран Меѓународниот аеродром „Крал Калид“

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку 14 загинати во експлозија во складиште со оружје во Сирија

Свет | пред 1 месец

media-librarye7knrd0n4afs1WELeOh

(Видео) СДСМ: Бомба експлодирала во двор на вработен во МВР поврзан со кумот на Мицкоски

Македонија | пред 2 месеци

media-library09fbn3mn6tqk0Y2DEfk

(Видео) 16-годишна Британка загина во експлозија на туристички брод

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања