„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Група убивала низ Македонија, членови биле 16 лица: Организаторите ги правеле плановите, а ги спроведувале и преку посредници

објавено пред 1 година -

Македонија

Група убивала и продавала дрога низ Македонија. Имале планови и дејствувале. Осомничени се 16 лица. Претреси имало на 20 локации, шестмина се уапсени, повеќе лица се надвор од Македонија, а едно лице е уапсено во Шпанија. Деталите ги сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

— реклама —

„Бирото за јавна безбедност под раководство на ОЈО-ГОКК, со поддршка на Европол, презеде активности за лишување од слобода на лица за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународна група, вршеле продажба на дрога и учествувале во убиства. Ова е резултат на повеќемесечната истрага во рамки на која беа обезбедени доволен број на докази, дека од декември 2019 до март 2021 година, пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. (Орхан Бахрами) и Ј.К. формирале група. Таа била формирана за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече Спасовски.

— реклама —

Набавувале и дрога од Колумбија и други земји, а пренесувана била во ЕУ. Над 430 килограми кокаин се транспортирала по воден пат, а друга пак, преку Ротердам требала да стигне во Македонија.

„Оваа криминална група договорите ги правела преку непосредни контакти или преку апликацијата ‘Скај’, преку енкриптирана комуникација. Имала две набавки и транспорт на кокаин од латино-американските држави“, додаде Спасовски.

Дрога во Македонија се внесувала и од Албанија, како и Белгија.

„Во двата случаи имало внесувања четири килограми кокаин“, додаде Спасовски.

Според министерот, припадниците на групата која функционирала на меѓународно ниво, со парите купувале куќи, граделе куќи, купувале возила.

„Тие се предмет на конфискација“, рече министерот.

Како што објави „Скопје1“, оваа група се сомничи за убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо.

apsenje-1

Серија апсења и претреси во Скопје: се расчистува двојното убиство на Беланоца и Тозо, но и со продажбата на дрога

Серија апсења има во Скопје од попладнево, а за расчистување на убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо, но и поради растурање на криминални групи кои се бавеле со продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Полицијата упаднала во Грчец, Дуќанџик, Чаир, каде има серија претреси.„Скопје1“ дознава дека првоосомничен во оваа акција која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е Шеваљ Муареми кој е во бегство повеќе години. Статус на осомничен има и братот на Енес Ибраимов – Љаци, кој пак беше убиен во „Шиша бар“. Со истрагата опфатен е и полицаец, кој бил заедно со Орхан Бајрами – Оки кога му беше извршена ликвидација во Ханиоти, Грција.Засега е познато дека е уапсен и поранешен партнер на наша позната поп-пејачка, кој сега е задржан во полициската станица во Карпош.Институциите не споделуваат никакви информации за акцијата. Не се знае кои од лицата, во кој дел на истрагата се осомничени. „Скопје1“ дознава дека случајот го водат двајца обвинители од ОЈО-ГОКК, а предметот е таму бидејќи едно од делата кои ќе им бидат ставени на товар е злосторничко здружување.Министерот за внатрешни работи во оставка, Оливер Спасовски, закажа прес-конференција за во 18 часот.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања