Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Инцидент на аеродромот во Франкфурт: Авион на Луфтханза се сруши на пистата, има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library9lnartaav69reTjVtzU

Неколку лица се повредени при инцидент на аеродромот во Франкфурт, откако паркиран авион „Боинг 787-9“ на германската авиокомпанија Луфтханза се урнал на предниот дел.

Според соопштението на аеродромот, несреќата се случила околу 12:45 часот додека леталото било паркирано на Терминал 1 и се подготвувало за лет кон Лос Анџелес.

— реклама —

Од Луфтханза соопштија дека предниот дел ненадејно попуштил, по што авионот паднал на асфалтот. Во моментот на инцидентот во авионот се наоѓале членови на екипажот и персонал, додека патниците сè уште не биле качени.

— реклама —

Авиокомпанијата потврди дека неколку вработени се здобиле со повреди, но засега не се соопштени точниот број на повредени ниту тежината на нивните повреди.

Луфтханза формираше кризен тим, а надлежните служби започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот.

— реклама —

Германските медиуми објавија дека на социјалните мрежи се појавила снимка на која се гледа моментот кога предното тркало проклизува нанапред, по што доаѓа до уривање на носниот стајни трап. Според дел од извештаите, на снимката изгледа како моторите да го допираат тлото по падот на авионот.

— реклама —

„Боинг 787 Дримлајнер“ е релативно нов модел во флотата на Луфтханза и најчесто се користи за долги интерконтинентални летови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1oeu4fs1598h72vxkq4

Авион на „Американ ерлајнс“ принудно слета по дојава за пламен од моторот

Свет | пред 2 дена

— реклама —
cigari

Запалил цигара во авион пред полетување, па бил исфрлен од летот

Свет | пред 3 дена

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања