Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Инцидент на прес-конференција: Трамп ја навреди новинарката по прашање за нападот кај Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии со навредлив однос кон медиумите, откако на прес-конференција по повод Денот на благодарноста ја нарече новинарката на CBS, Ненси Кордес, „глупа личност“. Инцидентот се случи веднаш по неговиот разговор со припадници на американските вооружени сили, а повод беше прашањето за неодамнешната вооружена пресметка во близина на Белата куќа, во која загина припадничка на Националната гарда, а друг војник беше тешко повреден.

— реклама —
— реклама —

Кордес го праша Трамп зошто ја обвинува администрацијата на Џо Бајден за нападот, кога осомничениот – авганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – според внатрешните извештаи поминал безбедносни проверки и не покажувал ризични елементи. Претседателот реагираше бурно, велејќи: „Затоа што го пуштија внатре, дали сте глупи? Дали сте глупа личност? Доаѓале со илјадници други кои не треба да бидат тука.“

Осомничениот Лаканвал, на возраст од 29 години, пристигнал во САД во 2021 година преку програмата „Добредојдовте сојузници“, наменета за Авганистанци кои соработувале со американските сили. Во нападот загина 20-годишната гардијка Сара Бекстрам, додека 24-годишниот наредник Ендру Волф останува во критична состојба. Напаѓачот исто така е хоспитализиран, а ФБИ случајот го истражува како можен терористички акт.

— реклама —

По инцидентот, администрацијата на Трамп ги стопираше имиграциските постапки за авганистански државјани и најави ревизија на сите азилски предмети одобрени под администрацијата на Бајден, како и дополнителни безбедносни проверки за носители на „зелена карта“ од 19 високо ризични држави.

Ова е втор инцидент за само две недели во кој Трамп навредува новинарка. На 14 ноември, во авионот Air Force One, на репортерка која постави дополнително прашање за случајот Џефри Епстин, тој и одговори со зборовите: „тишина, прасице“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 7 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 17 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања