„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) „Ист гејт“ со снимки објаснува како се поплави трговскиот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
rgdfgdsfg

Изминатото деноноќие на социјалните мрежи беа објавени различни шпекулации за причините за поплавата во Ист Гејт Мол. Од тоа дека целиот објект не е добро проектиран, дека не се обезбедени безбедносни мерки, па до какви се не други коментари кои не ја отсликуваат вистината.

— реклама —

Од Ист Гејт Мол испратија соопштение, ви го проследуваме во целост:

Една и недвосмислена вистина е дека поплава во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. Безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот.

— реклама —

S2ep-WtVfBE

Ова е проблем кој се повторува веќе неколку пати на истото место, на истиот нефункционален булевар Александар Македонски, поврзан со кружниот тек кај Континентал, кој и понатаму останува нерешен и прави големи проблеми нa блиската околина во услови на поројни дождови. По големата поплава во 2016 година овие врнежи со силен интензитет и 35мм количество на см2 се втор ваков голем несакан настан во Гази Баба, кој само потврдува дека проблемот со проектираниот капацитет но и одржувањето на атмосферската канализација сеуште постои и за жал не е приоритет на агендата на надлежните институции.

Од трговскиот центар изјавуваат дека Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко планската документација. Како објект од последна генерација, центарот е проектиран и изведен во согласност со планската документација врз основа на која по завршувањето на градбата е издадено решение за негов технички прием. Врз основа на добиените хидротехнички услови за проектирање на трговскиот центар не е предвидено сценарио во кое атмосферската канализација на околните сообраќајници, вклучувајќи го овде и Булеварот Александар Македонски, не се функционални. Во овој контекст трговскиот центар уште на датумот на поплавата ја информираше јавноста за причините поради кои истата е настаната. За жал и покрај тоа, во услови на страшна временска непогода трговскиот центар не по своја вина е мета на граѓаните на социјалните мрежи.

“Трговскиот центар, согласно усвоените документи за безбедност во услови на елементарна непогода брзо ги превзеде сите неопходни мерки најпрво за заштита на посетителите и вработените и успешно го евакуираше центарот без да се загрози нивното здравје и живот што сметаме дека е најважно во услови на елемтарна непогода. Истата вечер и во текот на вчерашниот ден се вршеше исцрпување на водата и санација на оштетувањата. Искрено се надеваме дека набрзо нашите закупци ќе продолжат со нормална работа, а нашите посетители повторно ќе можат да уживаат во својот центар”, изјави Игор Давков, Извршен Директор на Ист Гејт Мол.

Трговскиот центар е инвестиција од над 120 милиони евра, нема неподмирени јавни давачки и претставува место во кое работат 250 закупци и 2.500 вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye9t4471rnltpdsjfyiz

(Видео) Бурата „Адел“ ја потопи Атика: Грција под црвен аларм, невремето се шири низ целата земја

Свет | пред 1 месец

media-librarynqlsog91pqsn9xb9AZQ

Невреме преврте кампер кај мостот на Крк, Италијанка пренесена во болница

Свет | пред 1 месец

media-library9fmtfmu34f2t2F3PtRO

(Видео) Силно невреме во Грција, тешко е погоден туристичкиот остров Крф

Свет | пред 1 месец

media-libraryi5j7258nimer96DKPcn

(Видео) Драматично во Италија и Словенија: Поплави, лизгање на земјиштето, урната зграда и исчезнати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања