Промени тема
Контакт

(Видео) Јани Бојаџи: 27 април е нечистата совест на македонскиот народ, советите да се заборави минатото е како да ти дадат револвер за да се стрелаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Студио
media-libraryne9an54d7n0n7RdDH7P

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, остро проговори за настаните од 27 април 2017 година, нарекувајќи ги „нечистата совест на македонскиот народ“.

„Дваесет седми април и уставобранителите се нечистата совест на македонскиот народ. Не постои Македонец кој не треба да застане пред огледалото и да си ја види сопствената нечиста совест. И тоа нема врска со партии, нема врска со функции, нема врска со никого,“ рече Бојаџи во емисијата.

Тој додаде дека секој граѓанин, без исклучок, ја носи тежината на тој ден, и дека дури и „неродените деца ќе ја наследат таа вина“.

— реклама —

„Сите до еден имаме нечиста совест. За жал, дури и нашите неродени деца ќе имаат нечиста совест заради тој проклет настан. Треба да учиме од грешките – а учиме ли? Многу малку,“ изјави Бојаџи.

— реклама —

Во продолжение тој остро ја коментираше и, како што ја нарече, „европската логика за потиснување на минатото“, оценувајќи ја како чин на самоуништување.

„Идејата на оние кои ни велат: ‘Не се занимавајте со историјата, гледајте во иднината’ – е чин да ти дадат револвер за да сам си стрелаш во слепочницата,“ рече Бојаџи.

— реклама —

Одговарајќи на прашањето на Кристијан Ландов околу неговата позната изјава дека „Македонија е детето кое секогаш го лажат“, Бојаџи потврди дека зад неа стои целосно.
„Апсолутно. Само оној кој го познава минатото може да ја поднесе сегашноста и да ја предвиди иднината,“ додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Студио | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd15h533ii65ueedsHKx

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Студио | пред 20 часа

media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 5 дена

media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања