Промени тема
Контакт

(Видео) Јани Бојаџи во „Претрес“: Морав да побегнам од Македонија за да си го спасам животот, ми се закануваа со убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Студио
media-librarypkl9j6kmj0va3QZMX6E

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, откри дека во 2018 и 2019 година морал привремено да ја напушти Македонија поради, како што рече, реални смртни закани поврзани со неговиот филм „Ругање со Христос“.

Во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, Бојаџи изјави дека во тој период бил под државна заштита, заедно со своето семејство и децата.

„Морав буквално да побегнам од Македонија за да си го заштитам голиот живот. Не знаев дека државна безбедност ме обезбедува мене, моето семејство и моите деца. Тоа се случуваше во времето кога беше филмот ‘Ругање со Христос’, кој беше забранет,“ рече Бојаџи.

— реклама —

Тој додаде дека заканите биле сериозни и постојани, главно од, како што посочи, „левицата во Македонија, таканаречената Шарена револуција, како и од дел од група на Албанци кои мислеле дека работам против нив“.

— реклама —

Бојаџи сподели и дека пред само една недела, дознал детали за тогашното обезбедување од поранешен припадник на безбедносните служби.
„Гостуваше Панче Тошковски на нашата телевизија и ме застана еден човек од неговото обезбедување. Ми кажа: ‘Јас вас и вашето семејство ве обезбедував неколку месеци. Ја обезбедував вашата ќерка од училиште – од „Орце Николов“ до дома’.“

Режисерот призна дека ни сопствените деца не знаеле дека се под заштита на полицијата:
„Тоа не сум го кажал дома, не знаат во каква опасност биле. Јас не сум знаел дека тајно ме следат полицајци во цивил. Не сум имал поим што се случува,“ рече тој, додавајќи дека во тој период добивал директни смртни пораки дури и додека бил на прес-конференции.

— реклама —

Цел поткаст:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Студио | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd15h533ii65ueedsHKx

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Студио | пред 20 часа

media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 5 дена

media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања