Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Настани
media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ објави ново видео на социјалните мрежи, во кое се снима како подготвува сендвич во седиштето на Српската напредна странка (СНС).

— реклама —

Во снимката Вучиќ потпечува леб, сече домат и подготвува сендвич со путер, сирење и сувомесни производи. Притоа се опишува себеси како едноставен човек од народот и најавува борба против, како што вели, „големото зло“ што ѝ се заканува на Србија.

„За разлика од другите, јас сум човек од народот – едноставен, рурален тип. Малку ќе го потпечам лебот, ќе ставам путер и сирење, ќе додадам сувомесни производи и – ете – врвен ручек“, вели Вучиќ во видеото.

— реклама —

Тој им се обрати и на присутните во партиското седиште, посочувајќи дека секој има можност да си подготви сендвич и дека сите се добредојдени.

— реклама —

„Ќе продолжиме вредно да работиме. Ајде да се бориме против ова големо зло што веќе започна и се заканува да предизвика уште поголем хаос во нашата земја“, порача Вучиќ.

Внимание привлече и неговата облека. Според пишувањата на некои медиуми, фармерките што ги носи во видеото чинат меѓу 900 и 1.200 евра, зависно од моделот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 1 ден

media-library8m804a9od6ce8yE6kLP

(Видео) Вучиќ и Орбан се сретнаа по изборните порази: „Ќе се вратиме“

Свет | пред 3 дена

vucic-41421

Нов извештај на ЕУ за Србија: „Нема напредок, слободата на медиумите сè полоша“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања