Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја започна изборната кампања со порака за визија за „поубаво и поуредено Скопје“.
„Градот заслужува современ јавен превоз, чист воздух и вистински решенија. Мој приоритет е Скопје да стане град кој се развива рамномерно и град со еднаков пристап до услугите. Нашето мото е дека се бориме за нашиот дом. Ние мора да се грижиме за него со иста посветеност како што се грижиме за сопственото семејство“, изјави Шукова.
Таа додаде дека ќе се залага Скопје да стане нов и модерен град, со јасна цел – „борба за нашиот дом“.