Промени тема
Контакт

(Видео) Кампања на МВР против употреба на петарди и други пиротехнички средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petardi

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

— реклама —

Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има употребата на овие средства, извести Министерството.

МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

— реклама —

— реклама —

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

— реклама —

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9q0tri06gplfmWov7s

Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин

Македонија | пред 55 минути

— реклама —
media-librarylvack7o1p1soembBNEc

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

Македонија | пред 1 час

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје

Македонија | пред 1 час

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања