По инцидентите и навредливите извици кон неа на концертот во Лозница, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи. Таа објави видео од крајот на настапот, отфрлајќи ги тврдењата на дел од медиумите дека настапот бил прекинат.
„М**а. Заради ужасни текстови и коментари полни со омраза од медиуми од Хрватска и Босна, кои меѓу другото излажаа дека сум го прекинала концертот, имам потреба да ја објавам оваа снимка. Некои 20-тина платеници (со многу чуден изглед и акцент, како да не се од Србија) дојдоа со намера да го прекинат концертот, напаѓајќи жени и деца, но беа небитни во однос на прекрасните луѓе во публиката за кои настапив до крај“, напиша Карлеуша.
Таа додаде и дека „српскиот народ ќе ја победи кризата и повторно ќе биде сложен“, но и порача дека не треба да се заборави „кои се пријатели, а кои непријатели“.
Во друга објава пејачката им се заблагодари на присутните со порака: „Фала Лозница, бенгавме јако“, на што доби иронични коментари: „Чекај да те исправам, ‘бегавме јако’“.