Промени тема
Контакт

(Видео) Кинеска компанија претстави робот со лице што изразува емоции – интернетот во шок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
media-library8t21jv0fl74aaSVNAFo

Кинеската компанија AheadForm од Хангжу ја шокираше јавноста со демонстрација на роботска глава која изгледа застрашувачки реалистично и може да изразува емоции преку суптилни движења на лицето. Видеото кое се прошири на социјалните мрежи покажува лице што љубопитно ја набљудува просторијата, со трепкање и микроизрази кои создаваат убедлива илузија дека станува збор за вистинска личност.

Од компанијата велат дека користат „самонадгледувачки АИ алгоритми“ и широк спектар на „бионичка активација“ за да се добие впечаток на автентични емоции и реалистични мимики. Демонстрацијата предизвика дискусии околу т.н. „долина на морнилата“ (uncanny valley), кога хуманоидните роботи се доволно слични на луѓето за да предизвикаат непријатност.

„Па… Westworld е поблиску отколку што мислев,“ прокоментира еден корисник на Reddit, поврзувајќи ја демонстрацијата со познатата научно-фантастична серија за андроиди во забавен парк.

— реклама —

AheadForm веќе развива серија „ултра-реалистични“ хуманоидни модели кои, според тврдењата, можат да го перципираат светот, да комуницираат, учат и интелигентно да интерагираат со околината. Основачот Ху Јуханг пред „South China Morning Post“ минатата година изјави дека во наредната деценија границата меѓу човекот и роботот ќе се замаглува сѐ повеќе. „Можеби за десет години ќе комуницираме со роботи и ќе чувствуваме дека се речиси човечки. А за дваесет години, тие можеби ќе можат нормално да одат и да извршуваат задачи како луѓе,“ рече тој.

Иако фокусот на индустријата за хуманоидни роботи засега е на продуктивноста, сѐ повеќе компании, вклучително и Tesla, развиваат модели што би можеле да го заменат човечкиот труд. Сепак, дел од експертите сметаат дека специјализираните индустриски машини и натаму ќе бидат поисплатлива и поефикасна опција.

— реклама —

AheadForm, пак, се обидува да ја подготви јавноста за иднина во која андроидите ќе бидат секојдневие.

— реклама —

„Нашата цел е интеракцијата меѓу луѓето и роботите да биде што поприродна и поатрактивна,“ велат од компанијата. Но со оглед на вознемирувачки реалистичните погледи на нивните роботи, предизвикот ќе биде голем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7tv9v9fvadlud4al5Jh

(Видео) Кинески брод се судри со товарен брод под панамско знаме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Пред средбата со Си, Трамп доби барање: Не дозволувајте влез на кинеските автомобили

Свет | пред 2 дена

media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Природните катастрофи во Кина предизвикаа штета од 4,7 милијарди евра: 595 лица загинати или исчезнати

Свет | пред 3 дена

media-librarylqlj39ner6aqdorcJsr

Кина воведе построги ограничувања за патувања во странство

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања