Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ќе има истрели“, рекла портпаролката на Белата куќа пред пукањето на настанот со Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library4dfuvge8v605a2zurip

Изјава на портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, дадена непосредно пред синоќешниот настан во Вашингтон, стана вирална на социјалните мрежи поради тајмингот во кој била кажана, откако на гала вечерата дојде до вооружен напад.

Левит, во разговор со новинар, најавувајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавила:

— реклама —

„Ќе има и некои истрели вечерва во салата. Затоа сите треба да се вклучат, ќе биде навистина одлично.“

Изјавата, според контекстот, се однесувала на реторички „вербални удари“ во говорот на Трамп, познат по неговиот остар и директен стил, но по инцидентот со вистинско пукање доби сосема поинаква перцепција во јавноста.

— реклама —

Во истото обраќање, Левит нагласила дека говорот е подготвен лично од претседателот.

— реклама —

„Во вистински стил на Доналд Трамп, човекот самиот го пишува својот говор“, изјавила таа.

Неколку часа подоцна, за време на вечерата, во хотелот „Вашингтон Хилтон“ се слушнале истрели, по што претседателот и останатите гости биле евакуирани. Осомничениот бил приведен, а според првичните информации, дејствувал сам.

Инцидентот дополнително ја засили вниманието кон претходната изјава на портпаролката, која иако дадена во поинаков контекст, поради случувањата беше интерпретирана како несоодветна и проблематична од дел од јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 2 дена

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања