Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ќе умреме“: Патници во паника додека авионот на „Туркиш ерлајнс“ се борел со силното невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library3bgnlponflrv74wlNnz

Патниците на лет од Истанбул кон Тунис доживеале драматични моменти откако авионот налетал на силно невреме при приближувањето кон Тунис. Поради силните турбуленции, од кабината се слушале врисоци, додека пилотот неколкупати се обидувал да слета.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“, Ербас А321, полетал од Истанбул на 10 септември, а проблемите започнале при приближувањето кон Тунис. Авионот влетал во невремето и почнал силно да се тресе.

— реклама —

Пилотот се обидел да слета на аеродромот „Тунис-Картхаге“, но ситуацијата станала особено драматична при третиот обид. Една од патничките, која го снимила настанот, рекла дека во еден момент ѝ се чинело оти авионот нагло почнува да губи височина.

„Ќе умреме“, се слуша како вика еден од патниците на снимката, која се проширила на социјалните мрежи. Останатите патници врескале додека авионот минувал низ силните турбуленции.

— реклама —
— реклама —

„Никогаш во животот не сум се плашела толку за својот живот“, рекла жената која го снимила настанот.

По неколкуте неуспешни обиди за слетување, патниците наводно го молеле пилотот да слета на друг аеродром или дури во друга земја, за повторно да не минуваат низ силните турбуленции.

Летот на крајот бил пренасочен кон аеродромот Енфида-Хамамет, околу 90 километри јужно од Тунис. Авионот безбедно слетал, по што патниците го поздравиле слетувањето со аплауз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Патнички авион испратил сигнал за киднапирање, пресретнат од хрватски и германски ловци

Балкан | пред 1 седмица

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 седмици

media-librarybod9lccgpmi76I9B9GO

(Видео) Воен авион со 32 лица се урна во Нигерија, на местото на несреќата пронајдени делови од тела

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања