„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „Колку пониско ќе одат, толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“ – интервју со Митева од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што носат изборите

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-03-22-at-09.13.10

Во победа се уверени, валкана кампања очекуваат од СДСМ, за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова посочуваат дека ќе е првата жена-претседател на Македонија. Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои во интервју за „Скопје1“ ги посочи Марија Митева, портпаролка на партијата. Се крои стратегијата, ќе има десетици митинзи. Не гледаат закана во помалите политички партии, а наведе и што е предноста на ВМРО-ДПМНЕ, но и зошто СДСМ ќе изгуби куп гласови.

— реклама —

„Нема сомнеж дека ќе бидеме победници и ќе ја составиме следната Влада. ВМРО-ДПМНЕ нуди нова платформа, нов пристап во политиката. Време е за промени“, посочува Митева.

Таа во интервјуто зборува и за тоа дали треба да се стравува што Силјановска-Давкова не е дел од партијата и е независен кандидат на изборите. Ги искоментира и споредбите на претседателскиот кандидат со градоначалничката на Данела Арсовска која се одметна од партијата која ја донесе на власт.

— реклама —

„Колку пониско ќе одат (СДСМ), толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“, порача Митева.

„Уште еден доказ за тоа каде се креираат лажните вести е прес центарот на СДС. Да имате кристално јасна изјава на професорката, а вие врз основа на таква изјава прво да креирате лага и таа лага да ја продлабочувате на прес-конференции е доказ за тоа колку сте политички нестабилни, колку ги потценувате граѓаните и колку сакате да направите штета на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави само една слаба власт во заминување“, рече Митева.

Објасни и како е избрана Силјановска-Давкова и како ќе се слави победата во која се уверени дека ќе ја имаат. Посочи и од што ќе зависи коалицирањето и со кои партии е тоа можно.

„Граѓаните одлучуваат, нашата желба е ДУИ да биде дел од идната опозиција“, додаде Митева.

Сценаријата дека со месеци нема да има Влада – за неа не се опција. Митева, беше прашана и дали имињата на Милошоски, Ѓорчев, Димовски ќе се најдат на пратеничките листи.

Погледнете го целото интервју:

x2d-v6kB7Qk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања