„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Корупцијата царува во затворите - животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

„Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците! Повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот Идризово изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка. За жал, се чини дека ова нема да биде последен ваков случај“, вели Левица и додава:

— реклама —

Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана. Ова го потврдува и Годишниот извештај на Народниот правобранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаностна на просториите, кои пред сè, се извор на ширење на заразни болести. Условите за живот во казнено - поправните установи во Македонија се далеку под секој човечки минимум.

Катастрофалните животни услови во КПУ се и еден од изворите што поттикнуваат појава на корупиција. Според она што го споделуваат затворениците, затворската полиција, чии припадници во повеќе наврати се фатени во обид да шверцуваат забранети предмети во затворите, се основна алка во корумпираниот систем.

— реклама —

Потсетуваме дека во повеќе наврати околу затворите беше прогласувана кризна состојба со што се овозможи војската и регуларната полиција да ги обезбедуваат затворите, но, очигледно, дека и тоа имаше краткорочни ефекти, без да ги донесе потребните резултати, а проблемите продолжуваат да се таложат.

Живот под секое човечко достоинство е недозволив! Дополнително, условите во КПУ се далеку под стандардите на КПД во земјите на ЕУ, затоа Левица бара ветинг на севкупната работа на затворите и затворската полиција, како и сеопфатна реформа поткрепена со дополнителни обуки за затворската полиција, кои ќе помогнат да се зголеми нивото на спремност и професионалност на нејзините припадници.

Левица апелира дека на затворите им е потребно итно реновирање и зголемување на капацитетите, но и унапредување на програмите за ресоцијализација на затворениците, каде што преку индивидуален пристап, труд и едукација, ќе бидат подготвени за реинтеграција во општеството!

БОНУС ВИДЕО:

6PiuekSbuHA
?t=607

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања