Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryfl1gm9477q5jcUT8Wlb

ВМРО-ДПМНЕ освои близу 3.000 гласа во првиот круг од локалните избори во Брвеница, а на 1 ноември очекува да ја потврди победата и да го добие градоначалничкото место, порача генералниот секретар на партијата и пратеник, Драган Ковачки на денешната прес-конференција.

— реклама —

Тој им се заблагодари на граѓаните кои излегоа на гласање, а особено на оние што му ја дадоа поддршката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Ковачки оцени дека резултатот е показател за довербата што граѓаните му ја дале на кандидатот, посочувајќи дека СДСМ, ДУИ и Левица заедно освоиле помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој му честиташе на Радичевски за резултатот и им се заблагодари на партиските членови, активисти и поддржувачи за нивниот ангажман во кампањата. Според Ковачки, позитивната атмосфера, средбите со граѓаните и поддршката од населените места биле значаен дел од изборниот процес.

— реклама —

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ најави дека партијата влегува во вториот круг со голема предност и дополнителна мотивација, со цел Радичевски да биде избран за градоначалник на Брвеница.

„Нашата цел е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок“, порача Ковачки, заблагодарувајќи им се на граѓаните за поддршката и учеството во изборниот процес.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3d984ho3fbl62JR2FP

(Фото) Со авиони доаѓале на гласање во Брвеница, Јахији ѝ се заблагодари на дијаспората

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryviuutf0quk3v3rHWbHl

(Видео) Со извици „УЧК“, ДУИ си славеа победа на Аркин Јахиј во Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjnscfc76j0890dhLDwF

Аркин Јахиј е нов градоначалник на Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Во Брвеница гласаат болните и немоќните лица и затворениците: Право на глас имаат 116 лица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања