Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Кратер од 50 метри се отвори пред државна болница во Банког, евакуирани се 3.500 пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarye614gkk5ldgrbyu3d46
X

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, утрово се отворила огромна провалија пред државната болница Вајра. Коловозот се урнал и се формирала дупка долга и широка околу 30 метри, со длабочина од 50 метри. За среќа, нема повредени, пренесе „Бангкок пост“.

— реклама —

Сообраќајот во тој дел на градот е целосно блокиран од безбедносни причини. Привремено се прекинати амбулантските услуги на болницата, а околу 3.500 пациенти се евакуирани од околните објекти. Засега нема оштетувања на болничките згради, но и станарите од соседството добиле наредба за евакуација.

Во провалијата паднале полициско возило и два електрични столба. Причините за несреќата сè уште не се познати. Гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, заедно со тим од официјални лица, веднаш го посетил местото.

— реклама —

Тој изјави дека колапсот се случил над подземната железничка станица, на спојот меѓу тунелот и перонот. „Земјиштето пропадна во тунелот, што доведе до уривање на околните структури и до пукање на голема водоводна цевка“, рече Ситипунт.

Како итна мерка, исклучени се водата и струјата за да се стабилизира состојбата и да се спречат дополнителни ризици. Властите вршат процена на стабилноста на објектите во околината, следат евентуални поместувања на земјиштето и вршат пренасочување на сообраќајот.

Амбулантските услуги во болницата се суспендирани на два дена, додека хоспитализираните пациенти продолжуваат да добиваат нега. За амбулантните пациенти во меѓувреме ќе бидат достапни други болници под надлежност на градските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

Ексдиректорката на прилепската болница исплаќала пари преку фиктивни налози – со фискални сметки за гориво, ресторани, пицерии и кафеани

Македонија | пред 1 месец

655-402-bebe

Повраќало, но имало уредни анализи - што се случувало пред смртта на бебето во Кавадарци

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Благајник од прилепската болница присвоил околу 245.000 евра – лишен од слобода по акција на Финансиска полиција

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-stip

Син кршел инвентар по смртта на татко му во болницата во Штип: Приведен 29-годишник

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања