Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Крф под удар на торнадо: поплави, паднати дрвја и прекин на сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library4chr2dn0jjis7x9Re5f

Грчкиот остров Крф го погоди торнадо, кој уништи еден киоск и предизвика штета на крововите на куќите. Невремето што го зафати Крф предизвика паѓање дрвја и прекин на струја, пренесува грчкиот ERT.

— реклама —

Пожарникари и тимот на Цивилната заштита брзо излегоа на терен, отстранувајќи предмети што ветерот ги однел и чистејќи ја патната мрежа од паднати гранки.

— реклама —

Во Кавададес едно дрво паднало на кабли, што предизвикало прекин на струја во голем дел од северозападниот дел на Крф.

Сличен проблем се случил и во Периволиу, каде поради ветровите дрво паднало на мрежата, што резултирало со двочасовен прекин на струја.

— реклама —

Сообраќајот на приморскиот пат бил прекинат неколку часа, бидејќи морето поради ветровите се излило на коловозот.

Летот на компанијата Егеија кон аеродромот „Јоанис Каподистриас“ морал да следи алтернативна рута и слетал со задоцнување.

— реклама —

Истовремено, силни врнежи ја погодија и Кефалонија, каде што беа забележани поплави.

Поради неповолните временски услови, бродовите остануваат пристаништата на Закинтос и Кефалонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryug9pqk2rhk489qvjbGy

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди грчкиот остров Крит

Балкан | пред 55 минути

— реклама —
evn-rabotnici

Се претставувале како електричари и ограбувале домови: Четворица уапсени во Грција

Свет | пред 2 дена

media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања