Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Кумата на хаосот, Арсовска, го води Скопје кон целосен мрак, не поднесе предлог буџет за 2025, вели Кирков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_2109

„Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска. Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада. Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува“, рече Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.

— реклама —

— реклама —

„Кумата на хаосот во Скопје, при крај на нејзиниот мандат поддржана од коалицијата ЛЕВИЦА - СДС – ДУИ продолжува со црните сценарија за град Скопје.

— реклама —

Во историјата на град Скопје до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина.

— реклама —

Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати.

Со еден збор град Скопје ќе доживее целосен мрак.

За работите да станат појасни, вчера измина последниот ден за доставување на предлог буџет до Совет и до Град Скопје. Ова е рокот предвиден за работа на Градот и Советот, а објавен како документ во службено градско гласило.

Данела Арсовска не поднесе буџет и со истото го остава Скопје, сите јавни претпријатија, установи и повеќе од милион жители да бидат нејзин заложник.

Како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваме сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем!

Скопје не смее да биде заложник на Данела Арсовска подржана од СДС-Левица-ДУИ!

За ваков преседан кој го води Скопје кон целосен мрак, Данела Арсовска мора да одговара!“, изјави Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 17 часа

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Град Скопје ги отвори вратите: Граѓаните директно кај градоначалникот

Скопје | пред 18 часа

media-librarygqipt6kcm13i89ieplB

Сообраќајна измена во Скопје: затворање од Стара Рампа до Црвен Крст

Скопје | пред 1 ден

media-librarycbhde0snlsrccH9x0sv

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и монтажни катни гаражи на Клинички: Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања