Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кузеска: „Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryu4tuu3qf96qbeLYQBpV

На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска денеска ја обвини Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека ја манипулираат јавноста околу измените на Изборниот законик, оценувајќи дека прашањето за гласањето на дијаспората се користи за политички цели.

— реклама —

Кузеска истакна дека партијата не е против правото на дијаспората да гласа, туку против, како што рече, модели што не обезбедуваат соодветна контрола на изборниот процес.

— реклама —

Според Кузеска, дијаспората и досега имала можност да гласа согласно постојниот изборен модел, а предложеното електронско гласање или гласањето по пошта, без соодветни гаранции, според неа, отвора простор за изборни злоупотреби.

Таа праша зошто во земјава гласањето се спроведува со биометриска идентификација, отпечаток од прст и други контролни механизми, додека за гласањето од странство се предлагаат, како што наведе, решенија без реална контрола.

— реклама —

Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ преку измените на Изборниот законик се обидува да создаде нов механизам за манипулација со изборниот процес и оцени дека законот се користи како изговор за, како што рече, неисполнување на Реформската агенда.

Од СДСМ порачаа дека нема да поддржат решенија кои, според нив, би овозможиле изборни злоупотреби и повторија дека остануваат на ставот за фер и демократски избори, како и за продолжување на европскиот пат на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoectsngc9te1a174i6K

„Ние ја прокоцкавме шансата, Венко и ботовите не сфаќаат ништо“ – ексфункционерот Кичевски со жестоки критики кон СДСМ

Коментари | пред 1 ден

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“

Македонија | пред 1 ден

media-library6uepkmu2hnji14N3sL5

Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања