Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Левица: „ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydbjp2mu90shbdhIMb1C

Пратеничката Јована Мојсоска на денешната седница соопшти дека парламентарното мнозинство ги одбило двата амандмани што пратеничката група ги поднела на расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот, а со кои се барало обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство.

— реклама —

Пратеничката Јована Мојсоска, образложувајќи го амандманот за издвојување 30 милиони денари за отворање и функционирање на пет кризни центри за жртви на сексуално насилство, посочи дека и покрај законската обврска донесена во 2021 година, Министерството за здравство сè уште нема воспоставено ниту еден таков центар.

Според неа, во периодот од 2020 до 2024 година во Македонија биле евидентирани 455 жртви на сексуално насилство, од кои околу 90 проценти се девојчиња, поради што државата, како што рече, треба да ги исполни своите обврски преземени со националните стратегии и меѓународните договори.

— реклама —

Со вториот амандман, Левица предложи обезбедување шест милиони евра за отворање 24 шелтер-центри и осум советувалишта за жртви на семејно насилство.

— реклама —

Мојсоска истакна дека за целосно воспоставување на ваквите услуги се потребни околу 6,5 милиони евра годишно, што, според неа, претставува само 0,1 отсто од државниот буџет. Таа додаде дека во моментов државата за сите шелтер-центри заедно издвојува околу 60 илјади евра годишно.

Според Левица, средствата требало да се обезбедат преку намалување на дел од ставките предвидени за НАТО-интеграцијата, со образложение дека безбедноста не подразбира само воена опрема, туку и заштита на жртвите на насилство.

И покрај овие аргументи, парламентарното мнозинство не ги прифати двата амандмани, соопштија од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 4 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 4 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања