Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Левица: Општина Карпош ќе плати 2.4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-11-17-090415

„Блокирана општинска сметка, милионски тужби и кратење наменски средства е епилогот од расипничкото владеење на Стевчо и неговото шурување со олигарсите! На последната седница на Советот на О. Карпош, беше поставена точка за итна пренамена на 16 милиони денари од буџетот за деблокада на општинска сметка и истата беше изгласана со мнозинство обезбедено од градоначалникот“, велат од Левица.

— реклама —

„Но, советничката група на Левица реагираше и бараше појаснување за потребата да се одвојуваат по 8 милиони денари во наредните 15 месеци за исплати по тужба од Свето „Пивара“.

— реклама —

Имено, поранешниот сопственик на Скопска Пивара е исто така и земјопоседник во Карпош, односно неговата фирма Инвестмент Интернатионал е сопственик на празната парцела наспроти салата Борис Трајковски.

Откриваме, дека тој добива тужба против О. Карпош, која претходно сакајќи да избегне друга тужба од Пуцко Петрол за 15 миллони евра за поништување на ДУП со кој тој добиваше простор за бензинска пумпа, пренаменува дел од имотот на Свето за изградба на сервисна улица.

Иако улицата никогаш не беше изградена, а ДУП-от подоцна беше и поништен од Уставен Суд, Јаневски ќе добие над 132 милиони денари од Општината!

Неодговорноста на Јакимовски и неговото кокетирање со овие олигарси, потоа носи дополнителни 16 милиони денари штета во камати и нотарски трошоци, бидејќи цела година ја одолговлекува исплатата!

Залудни се манипулациите на Јакимовски, ДПМНЕ и СДС дека мора да гласаат и дека Општината е ставена пред свршен чин, бидејќи целиот проблем е создаден кога во 2016 токму Стевчо го создава спорниот ДУП за Пуцко Петрол, а подоцна повторно Богоев го донесува, шверцерски, на само месец пред крај на својот мандат.

Левица бара одговорност за расипничкиот однос на сите овие чинители со што се доведува во ризик функционирањето на општината и се крати од буџетот за градинки, уредување паркови, одржување на инфраструктура, за да се полнат џебовите на бизнис елитата со парите на граѓаните!“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања