(Видео) Линдзи Вон објави видео од теретана со Ѓоковиќ: Новак ја изнасмеа познатата Американка, таа воодушевена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-03-05-at-09.37.38

Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Америка каде се подготвува за настап на Мастерсот во Индијан Велс, но и одлично се забавува.

— реклама —

Новак овој пат беше во теретана заедно со познатата скијачка Линдзи Вон, а судејќи по видеата од социјалните мрежи поминаа квалитетно време заедно.

— реклама —

Србинот и Американката заедно правеа вежби, а Ѓоковиќ како и обично со своите потези успеа да ја насмее големата шампионка.

— реклама —

„Го добив целосно искуството на Новак Ѓоковиќ во теретана... Одлично се забавувавме! Ви благодарам на вас и на вашиот тим што ми дозволивте да се приклучам. Секогаш сакам нови предизвици! Сега треба да тренирам за моментот кога ќе играме тенис заедно! Мислам дека веќе сте подготвени за скијање“, напиша Вон на Инстаграм со приложено видео.

Пред неколку дена и Линдзи објави слика со Ѓоковиќ, а сега сигурно уште подобро го запознала.

Двајцата делат и заедничка љубов кон скијањето, кое Ѓоковиќ го продолжи релативно неодамна, пред да пристигне во Америка.

Вон има 39 години, на Олимписките игри освои вкупно три медали, а има уште осум од светските првенства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Спорт | пред 1 седмица

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Спорт | пред 1 седмица

IMG_0656

Од омаловажување до восхит: Енди Родик со најсилни пофалби за Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 2 месеци

IMG_0656

Ѓоковиќ по тешка битка во Шангај: „Публиката ме крена – неверојатна поддршка, и покрај бруталните услови“

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања