Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Македонец од Скопје - херој во авион на Изиџет, совлада екстремист кој се заканува со бомба и извикува „Алаху акбар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
patnik-srbinnn

На летот на авиокомпанијата „easyJet“ од аеродромот Лутон (Лондон) кон Глазгов се случил сериозен инцидент. За среќа скопјанецот Зоран Настески, како што објавија повеќе медиуми, кој живее и работи во Англија, храбро интервенирал откако еден патник, околу еден час по полетувањето, почнал гласно да извикува заканувачки пароли, вклучувајќи и закани дека ќе го „дигне авионот во воздух“, како и повици: „Смрт за Америка“, „Смрт за Трамп“ и „Алаху Акбар“.

— реклама —

Настанот се случил утрото на 27 јули, а видеоснимките од инцидентот бргу се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции од јавноста и медиумите, меѓу кои и „Њујорк пост“.

— реклама —

На снимката може да се чуе како Настески извикува: „Пи**а ти материна“, додека го држи мажот до пристигнувањето на персоналот и му наредува да „седи мирно“.

— реклама —

Очевидци изјавиле дека вознемирениот патник почнал со заканите по враќањето од тоалетот. Екипажот и патниците останале во состојба на паника, но успеале да го задржат додека авионот безбедно не слетал во Глазгов.

— реклама —

По слетувањето, полицијата веднаш го уапсила мажот. По детална проверка на авионот, не биле пронајдени експлозивни средства, а властите потврдија дека се работи за поединец кој делувал сам.

Авиокомпанијата „easyJet“ изјави дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен апсолутен приоритет, и дека инцидентот бил навремено решен со интервенција на полицијата.

Скопјанецот кој реагирал прв и го спречил потенцијалниот напад доби бројни пофалби на социјалните мрежи за неговата брза и храбра реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања