„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Македонското знаме палено и уништено на Бит Пазар, но и „дрифтано“ над него додека се славеше албанското

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mkd-zname-bitpazar

Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското. Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.

— реклама —

— реклама —

Ова предизвика револт, а јавноста веќе бара остри казни за сторителите. Двата чина донесоа нетрпеливост и навредливи коментари, што остава простор сторителите да бидат гонети, не за едно, туку за две кривични дела и тоа: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза.Според Кривичниот законик, тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Истовремено, според Кривичниот законик, тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Освен овие два инциденти, прославувањето на албанското знаме во Македонија, се правеше организирано со возење автомобили од едниот до другиот крај на Скопје, со свирежи, песни и ора. Полицијата се обиде да го контролира сообраќајот и возеше пред колоните, а на места, беа блокирани и раскрсници, па се стоеше во место.

Ставот на МВР и обвинтиелството се очекува во текот на утрешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања