Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysa2pb6lc2dio9BToxsW

На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски обвини дека за време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство институциите располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, без јавноста да биде навремено информирана.

— реклама —

Манасиевски изјави дека, според нив, постоеле резултати од приближно 400 испитувања на вода за кои не било постапено, ниту граѓаните биле предупредени да не ја користат водата за пиење.

— реклама —

Манасиевски посочи повеќе примери од 2021 година, меѓу кои, како што рече, неисправна вода во здравствениот дом во Македонска Каменица, на чешма пред училиште во Зелениково, како и во локални водоводни системи во Дебарца и Требеништа, каде што, според него, биле утврдени микробиолошки неисправности и присуство на бактеријата Ешерихија коли. Тој наведе дека слични наоди имало и за водата во одморалиштето „Пониква“ кај Кочани.

media-librarytm3vk68s5ms8aUeTZdb

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто, според нив, тогашното раководство на Министерството за здравство не презело мерки и не ја информирало јавноста за резултатите од анализите.

— реклама —
media-libraryn9lnb423s34l2wiQBFS

Партијата соопшти дека за случајот се поднесени пријави до Министерството за внатрешни работи и побара Основното јавно обвинителство да отвори истрага и да утврди дали со непостапувањето и непријавувањето на резултатите било загрозено здравјето на граѓаните.

media-libraryc79qp9n0c73m546OEet

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека никој не смее да биде изземен од одговорност, без оглед на функцијата што ја извршувал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 дена

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања