Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryi592fc405gc67APWaag

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС и ДУИ со години влијаеле врз правосудниот систем преку поставување свои кадри на високи позиции и порача дека, според него, за тоа мора да има одговорност.

Манасиевски тврди дека дел од судиите и обвинителите блиски до двете партии носат одлуки спротивни на правдата, но во согласност со нивните политички интереси.

— реклама —

Како примери ги наведе обвинителката Катерина Коларевиќ, за која тврдеше дека го затворила случајот „Мазут“, посочувајќи ги и функциите на нејзините родители во периодот на владеење на СДС и коалицијата со ДУИ.

Во своето обраќање Манасиевски го спомена и судијата Пајазит Пајазити, за кого тврдеше дека е близок до ДУИ и одлучувал во предметите поврзани со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети.

— реклама —

Тој ја посочи и судијката Даниела Алексовска Стојановска, тврдејќи дека во нејзината куќа бил сместен штаб на СДС.

— реклама —

Како уште еден пример го наведе Ислам Абази, за кого Манасиевски тврдеше дека е близок до поранешниот лидер на ДУИ, Али Ахмети, и дека функцијата шеф на ОЈО ГОКК ја добил во периодот на претходната власт.

Според Манасиевски, овие случаи се дел од систем што СДС и ДУИ го граделе со години преку поставување лица на високи позиции во правосудството.

— реклама —

„И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме“, порача Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања