Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygg6kglk5vhgad0vx4Jo

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС, Левица и ДУИ ја претвориле можноста за постигнување договор за новиот Изборен законик во политички конфликт.

— реклама —

На прес-конференција, Манасиевски изјави дека новиот Изборен законик бил резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, но дека опозициските партии, и покрај тоа што, според него, биле прифатени нивните барања, не го поддржале законското решение.

— реклама —

„Иако им прифативме сѐ што побараа, а тие барања, за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој оцени дека за СДС, Левица и ДУИ е поважно да создадат политички конфликт отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата. Според него, на тој начин тие создаваат алиби за евентуален пораз на следните избори и се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во спроведувањето на Реформската агенда.

— реклама —

Манасиевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи, како што рече, во интерес на граѓаните и државата, без оглед на обидите политичките процеси да бидат претворени во политички пресметки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8jihfeo6m2go3UJAK8V

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Македонија | пред 4 дена

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 2 седмици

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања