Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryktns2p23d9veeNqs2AO

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека во македонското правосудство постојат двојни стандарди и дека различно се постапува зависно од тоа кој е опфатен со судските постапки.

— реклама —

– За кубење на коса се добиваат четири години затвор, за кражба на 150 ќебапи три години затвор, а за случајот „Ласкарци“, каде што загинаа 16 луѓе, за модуларната болница, каде што животот го загубија 14 луѓе, или за случајот „Мазут“, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност, рече Манасиевски на прес-конференција.

Тој оцени дека, според ВМРО-ДПМНЕ, за обичниот граѓанин важи законот, додека, како што наведе, кога станува збор за луѓе и интереси поврзани со СДСМ и ДУИ, „нивните инсталации во правосудството веднаш се ставаат во нивна заштита“.

— реклама —

– Тоа е правдата што ја оставија и ја ветуваа СДСМ и ДУИ. Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството, рече Манасиевски.

— реклама —

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека, според него, не е прифатливо за кражба на ќебапи да има затворска казна, додека за случаи во кои има десетици загубени човечки животи граѓаните со години да чекаат конечна правда.

– Правосудството не смее да биде штит на СДСМ и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите, порача Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 дена

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања