Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Масовни протести низ САД по акциите на ИЦЕ во Минеаполис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryp4tgkqct4s288IEJOKn

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Минеаполис, додека студенти и средношколци низ целите Соединети Американски Држави организираа координирани протести, барајќи повлекување на федералните имиграциски агенти од сојузната држава Минесота, по убиството на двајца американски државјани во интервенции на федерални служби.

Во рамки на засилената акција против имигрантите, американскиот претседател Доналд Трамп испрати околу 3.000 федерални полицајци во подрачјето на Минеаполис, бројка што е повеќекратно поголема од локалната полициска сила. Овој потег предизвика силни реакции, при што неколку илјади луѓе се собраа во центарот на градот и покрај температурите под нулата, протестирајќи против зголеменото полициско присуство и, како што наведуваат, грубите и милитаризирани тактики на американската Имиграциска и царинска служба – ICE.

— реклама —

На протестите учествуваа семејства со мали деца, постари граѓани и млади активисти, а беше организиран и хуманитарен концерт за поддршка на семејствата на Рене Гуд и Алекс Прети, кои, според организаторите, биле убиени од федерални агенти. На концертот настапија и музичките легенди Брус Спрингстин и Том Морело.

— реклама —

Под мотото „Нема работа. Нема училиште. Нема купување. Престанете да го финансирате ИЦЕ“, протестите се одржаа на околу 250 локации во 46 сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон. Илјадници ученици и наставници ја напуштија наставата, а во неколку градови, како Аурора во Колорадо и Тусон во Аризона, училиштата целосно ја откажаа наставата поради масовни изостанувања. Протести беа најавени и во десетици средни училишта во Џорџија, како и на универзитетски кампуси, каде што беа истакнати пораки за „кампуси-уточища“ и отпор кон, како што велат демонстрантите, фашизација на институциите.

Протести се одржаа и во Њујорк, каде стотици луѓе маршираа низ Менхетен носејќи транспаренти со пораки „Протестот против ИЦЕ не е злосторство“ и „Правда за сите жртви на ИЦЕ теророт“. Во знак на солидарност, бројни компании низ повеќе сојузни држави ги затворија своите бизниси, додека дел од оние што останаа отворени најавија дека профитот ќе го донираат на организации што им помагаат на имигрантите во Минесота.

Во меѓувреме, Министерството за правда на САД соопшти дека е уапсен поранешниот водител на Си-Ен-Ен, Дон Лемон, под обвинение за прекршување на федерален закон за време на протест во црква во Сент Пол. Неговиот адвокат оцени дека станува збор за „невиден напад врз Првиот амандман“.

Анкета на Ројтерс и Ипсос покажува дека агресивните тактики на тешко вооружени и маскирани федерални агенти значително ја намалиле поддршката за имиграциската политика на Трамп, на најниско ниво во текот на неговиот втор мандат. Како одговор на растечкото незадоволство, високи федерални функционери најавија дека операциите ќе бидат „понасочени и постратешки“, иако Трамп и понатаму ги нарекува демонстрантите „платени бунтовници“, без да понуди докази за таквите тврдења.

Протестите, според организаторите, ќе продолжат сè додека, како што велат, не запре милитаризацијата на имиграциската политика и не се воспостави почитување на граѓанските права и уставните слободи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

Белата куќа: Се гледа напредок од иранска страна, Техеран сака директни разговори

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library0tufam702kgueNKE2lP

Хегсет: Ќе уништиме без двоумење – САД со остри пораки до Иран

Свет | пред 17 часа

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата: Конфликтите да се решаваат без воена сила, потребен е нов дијалог

Свет | пред 23 часа

media-librarys0g3tfk7ej2i7vxy3Rl

САД нудат 10 милиони долари за водач на проиранска милиција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања