Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarykphrar1nroeuaH34lzc
YouTube/Print Screen

Тензиите во Бугарија не стивнуваат. Синоќа центарот на Софија повторно беше преплавен со демонстранти, кои под слоганот „Оставка. Пеевски и Борисов надвор од власта“ исполнија целиот простор околу т.н. триаголник на власта. Според проценките, присутни биле десетици илјади граѓани — повеќе дури и од масовниот протест од 1 декември. Зад повикот стои опозициската коалиција Продолжување на промените – Демократска Бугарија.

— реклама —

Само неколку часа пред протестот, бугарското собрание одржа долга и напната расправа за иницијативата за недоверба на владата, поднесена од ПП-ДБ. И покрај критиките насочени кон економската политика, уште во текот на дебатата стана јасно дека четирите парламентарни групи кои ја држат власта – ГЕРБ, БСП, ИТН и ДПС–Нов почеток, предводена од санкционираниот со американскиот закон „Магнитски“ Делјан Пеевски – ќе ја поддржат владата на Росен Жељасков и во четврток ќе гласаат против недовербата.

— реклама —

Организаторите го отворија протестот со саркастичен коментар упатен кон Делјан Добрев: „Вети дека новиот буџет содржи сè што го бараат демонстрантите. Го разгледав – зборот ‘оставка’ го нема никаде.“ Веднаш по тоа, плоштадот одекна со скандирања „Оставка“

— реклама —

Улиците околу владиниот триаголник беа буквално непроодни од масите што доаѓаа од правец на Софискиот универзитет. Дури и по повеќе од еден час од почетокот на собирот, нови толпи постојано пристигнуваа.

Студентското здружение исто така даде свој глас. Неговиот претставник, Александар Танев, ги праша присутните дали навистина чувствуваат спокој додека „мафијата“ останува на власт. Тој потсети дека на најстариот универзитет во земјата веќе стои огромен транспарент: „Студентите против мафијата“. „Немаме историско време – мора да ја спасиме земјата“, предупреди Танев.

— реклама —

Пратеникот Атанас Атанасов од ПП-ДБ им се обрати на демонстрантите, потсетувајќи дека комисијата веќе дебатирала за недовербата и дека гласањето следува в четврток. „Подарете и на Бугарија божиќен подарок – гласајте за недоверба“, порача тој. Атанасов додаде дека владејачката структура „арогантно ги злоупотребила регулаторите и ги поставила своите луѓе да служат на корупциските модели“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

borisov124124

Борисов: Бугарија полека се лизга кон диктатура, граѓаните треба да се подготват за кризи

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
Haker-2-620x350

Бугарија откри петгодишен хакерски напад: Украдени 130 гигабајти документи од државни институции

Балкан | пред 3 дена

britanski-brod-crno-more

Товарен брод со речиси три тони пченица потона во Црното Море кај Бугарија, спасени сите 12 членови на екипажот

Балкан | пред 6 дена

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања