Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Масовни протести во Тирана: Граѓаните против луксузниот проект на зетот на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarype796h2q4ttt9cRSYXz

Илјадници граѓани шести ден по ред протестираат пред седиштето на албанската влада во Тирана, спротивставувајќи се на контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Звернец и барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Протестите во меѓувреме се проширија и во други градови, меѓу кои Валона, Драч и Елбасан, а поддршка пристигнува и од албанската дијаспора во САД и Германија.

Во центарот на спорот е луксузен туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Планот предвидува развој на туристички комплекс на островот Сазан и дел од јужното албанско крајбрежје преку инвестицискиот фонд „Афинити партнерс“, основан од Кушнер.

— реклама —

Проектот доби статус на „стратешки инвеститор“ од албанската влада, што овозможува забрзана постапка за добивање дозволи и согласности.

Демонстрантите тврдат дека не протестираат само поради Звернец, туку и поради, како што велат, иднината на цела Албанија. На протестите беа упатени повици за оставки и на премиерот Еди Рама и на лидерот на опозицијата Сали Бериша.

Во меѓувреме, Рама ги отфрли обвинувањата и оцени дека протестите се дел од „хибридна војна“ против Албанија.

— реклама —

„Тоа не е еколошко прашање, туку хибридна војна. Зад протестите стојат Иранци, кои и претходно биле вклучени во слични напади“, изјави Рама на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

— реклама —

Во интервју за „Еуроњуз“, албанскиот премиер додаде дека противењето на проектот се поттикнува преку ботови, лажни профили на социјалните мрежи и надворешни актери, кои ја користат загриженоста за животната средина.

Рама исто така негираше дека постои каков било таен договор поврзан со проектот.

„Се шири приказна дека станува збор за таен договор меѓу мене и Бенјамин Нетанјаху преку Џаред Кушнер. Тоа е целосна измислица“, рече тој.

Албанскиот премиер нагласи дека конечниот проект сè уште не е доставен до институциите и дека секој иден предлог ќе биде подложен на јавна расправа и законски процедури.

И покрај растечкиот притисок од улицата, Рама порача дека протестите нема да ја одредат судбината на инвестицијата.

„Тоа никогаш нема да се случи. Не додека јас сум на власт“, изјави албанскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybrt0q4caab0begsaNQd

(Видео) Хаос во Тирана: Запалени владини објекти, полицијата со солзавец, водени топови и гумени куршуми

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

Осум лица повредени за време на антивладините протести во Албанија

Балкан | пред 4 дена

media-library8aldnv0oklipaifhl2e

(Видео) Запалено Министерството за земјоделство во Тирана

Балкан | пред 4 дена

media-libraryuh4aononqcnk75LcjPY

„Рама мора да си оди“ – протестите во Албанија се шират, на студентите им се придружија и лекарите

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања