Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мечка со денови талкала низ населби во Јапонија, затворени речиси 100 училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryvj6vo37hpkcm61holQx
screenshot x

Јапонските власти ја уловија мечката што неколку дена талкаше низ станбени населби во градот Уцуномија, на околу 100 километри северно од Токио, предизвикувајќи паника кај жителите и затворање на десетици училишта.

Животното, за кое се проценува дека тежи околу 100 килограми, првпат било забележано во саботата навечер, по што била покрената голема потрага во која биле вклучени полицијата, градските служби и дронови.

— реклама —

Мечката била успиена со стрела за омамување и потоа пренесена во кафез. За време на акцијата, полицијата блокирала делови од градот, а жителите биле повикани да останат во своите домови.

— реклама —

Поради присуството на мечката, од претпазливост биле затворени сите 94 основни и средни училишта во градот. Мерката била продолжена и следниот ден поради сомнежи дека во околината можеби се движи уште една мечка.

— реклама —

Јапонските власти сè уште не одлучиле што ќе се случи со уловеното животно. Во зависност од околностите, мечките во вакви случаи можат да бидат пуштени во природа, преместени или, во одредени ситуации, да бидат усмртени.

— реклама —

Јапонија во последните години бележи сè повеќе инциденти со мечки, вклучително и во урбани средини. Според податоците на тамошното Министерство за животна средина, во текот на 2025 година биле регистрирани рекордни 238 напади со жртви, од кои 13 завршиле со смртен исход.

Експертите предупредуваат дека климатските промени и намалената достапност на природна храна ги принудуваат мечките сè почесто да се приближуваат до населените места во потрага по храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 1 седмица

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања