Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
17102024_Mickoski-9

„За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Еве сега овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност да тоа што го очекувале со децении го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот.

— реклама —

Останатото коешто го спомена градоначалникот се проекти коишто се реализирани или во периодот којшто следи ќе бидат реализирани, нешто што досега во Општина Брвеница не се случило во историјата.

— реклама —

Исто така, тука се и проектите коишто ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница. Ќе повторам, задоволството е огромно кога знаете дека испорачувате нешто коешто им е потребно на граѓаните.

Ја користам уште еднаш на крај оваа прилика да му честитам на градоначалникот, да се заблагодарам за сето тоа што го прави за жителите во Општина Брвеница, нему, на пратениците коишто доаѓаат од Полошкиот Регион, на советниците во Општина Брвеница и се разбира администрацијата којашто е поддршка на работата и на Советот и на градоначалникот и да посакам уште многу вакви проекти.

— реклама —

Во овој прв ран којшто ќе ги финансираме од страна на државата, веќе напомена градоначалникот, за неколку проекти коишто ќе бидат финансирани во вредност вкупна од околу 37 милиони денари, веќе во јануари кога ќе биде објавен следниот повик имаме уште проекти за коишто Општина Брвеница е подготвена се разбира да ги реализира“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Мицкоски демантира дека бил незадоволен по средбата со Фон дер Лајен: „Имавме исклучително квалитетен состанок“

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

Мицкоски најави ново намалување на цената на бензинот и дизелот

Македонија | пред 17 часа

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Да не го забораваме Бледскиот договор и враќањето на моштите на Гоце Делчев

Македонија | пред 2 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања