Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мицкоски: Националната ИКТ стратегија која ја изработивме е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
16102024-Mickoski-1

„Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија е клучниот документ кој ќе ги води сите наши напори и активности во однос на дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата на ова поле“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Неопходно е да чекориме во ист ритам во свет кој напредува со огромна брзина, а пристапот до дигиталните технологии и нивно подведување во функција и интерес на човекот и нивното правилно искористување отвора нови хоризонти и перспективи за сите.

— реклама —

Важно е да се разбере дека дигитализацијата не претставува една, монолитна работа, туку опфаќа низа комплексни, меѓусебно поврзани и комплементарни чекори.

За да чекориме по вистински пат важно е да се знае од каде поаѓаме, како и каде се движиме. Внимателен, сеопфатен, стручен и структуриран пристап е клучен предуслов за дигитална трансформација и последователно, општествен развој во согласност со светските текови.

— реклама —

Дигитална трансформација во служба на граѓаните, достапни и ефикасни услуги и борба против присутната корупција со искористување на дигитализацијата е еден од врвните приоритети на Владата.

Денес ја отпочнуваме работата на Работната група за донесување на Националната стратегија која е една од првите активности на Националниот совет за дигитална трансформација, чијшто претседавач сум јас. Тоа ја покажува посветеноста на Владата во однос на дигиталната трансформација на општеството.

Би сакал да ве уверам дека создавањето на модерна дигитална информациско-комуникациска инфраструктура претставува еден од нашите клучни, врвни приоритети.

— реклама —

Нашиот пристап е совесен и одговорен. Размислуваме и делуваме долгорочно, плански и системски, не делуваме ad hoc, во соработка со стручната, научната заедница, граѓанскиот и бизнис сектор, како и со коморите. Во таа насока е и работата на оваа Работна група.

Токму во таа насока беше и воспоставувањето на ново, наменско Министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигиталните политики на Владата и кое работи на креирање на сеопфатни хоризонтални решенија и платформи. Создаваме систем во кој секој ќе добие можност да се вклучи, систем кој ќе го трасира патот кон рамномерна корист на сите, со оптимизирани ресурси, без преклопување на активности и проекти.

— реклама —

Јас на дигитализацијата гледам како на клучна алатка во борбата против корупцијата, бидејќи автоматизацијата на процесите помага во намалувањето на надворешно влијание и субјективност.

Кога од една страна секојдневниот живот е технолошки олеснет, кога продуктивноста, конкурентноста, иновациите се стимулираат и оптимизираат.

Со намера да се отклучи овој потенцијал, денес учествуваме во една многу важна дискусија за предизвиците и можностите кои генерално ги отвораат дигиталните технологии.“, соопшти Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања