Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски најави реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2402025_Mickoski_pres_2

„Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:

Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле.

— реклама —
— реклама —

Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум.

Нема да се повторувам од тоа коешто го кажаа претходните говорници, за техничките карактеристики на овие два проекта, за сето она што ќе биде реновирано итн. Само на крај би сакал да изразам благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, до министерот за здравство Арбен Таравари, како и до директорот на болницата 8 Септември д-р Синиша Стојаноски за нивната посветеност и ангажираност во реализацијата на овие проекти.

— реклама —

Сѐ на сѐ, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните. Важно е да се знае дека мора да одиме напред и Македонија повторно да биде ваша“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања