ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во Парламентот, а не би се изненадил ако имаме и 61 пратеник во Парламентот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија.
Посочи дека во среда, на 8 мај, тие ќе слават двојна победа - на претседателските, но и парламентарните избори.