Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мицкоски: Нова германско холандска инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-2

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција објави за нова инвестиција која беше најавена пред неколку недели.

„Станува збор за германско холандска инвестиција кој ги потврдува нашите напори за развивање на економијата и иновациите на пазарот.

— реклама —

Компанијата Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои што се практично глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа:

• Бреинчајлд Продукција и

— реклама —

• Бреинчајлд Производство.

Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Малку поразлично од тоа што сме до сега навикнати. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2“, изјави Мицкоски.

„Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

— реклама —

Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица.

Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра или вкупно околу 11.000.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали.

— реклама —

Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата.

Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

Продолжуваме понатаму да се бориме за секое работно место и за секоја инвестиција која ќе биде поткрепа на економијата“, соопшти Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања